Вонредна состојба во Манила поради тајфунот Геми, најмалку осум лица го загубија животот
- Најмалку осум лица го загубија животот како последица на невремето на Филипините, а во Манила е прогласена вонредна состојба поради тајфунот Геми.

Манила, 24 јули 2024 (МИА) - Најмалку осум лица го загубија животот како последица на невремето на Филипините, а во Манила е прогласена вонредна состојба поради тајфунот Геми.
Четири лица загинаа во свлечиште во градот Агончило во провинцијата Батангас, јужно од Манила.
Полицијата соопшти и дека 46-годишен маж загинал во градот Насугбо во провинцијата Батангас, откако бил прикован за дрво кое паднало поради силните ветрови и обилните дождови, а уште еден маж починал во Манила поради струен удар. рп/
Фото: МИА архива