• петок, 22 ноември 2024

Ердоган најави нова ера во односите Турција - САД

Ердоган најави нова ера во односите Турција - САД
Анкара, 27 мај 2021 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави подобрување на односите со САД и ги повика големите американски корпорации да соработуваат повеќе со Турција. Ердоган истакна дека се надева оти најавената средба со американскиот претседател Џо Бајден ќе овозможи отворање на нова ера во односите меѓу Анкара и Вашингтон, што се многу тензични од 2016 година. - Убеден сум дека состанокот со Бајден на Самитот на НАТО на 14 јуни ќе биде најава за нова ера во нашите односи, истакна Ердоган на видео-конференција со директорите на американски компании. На состанокот, на кој присуствуваа директорите на Боинг, Амазон, Мајкрософт, Пепси, Циско, Проктор и Гембл и Џонсон и Џонсон, Ердоган им се заблагодари на компаниите што веруваат во Турција и додаде дека очекува САД да бидат поконструктивни во таа соработка. ми/

Остани поврзан