• понеделник, 23 декември 2024

Ердоган: Верувам дека наскоро ќе биде донесена одлука во врска со договорот за жито

Ердоган: Верувам дека наскоро ќе биде донесена одлука во врска со договорот за жито

Сочи, 4 септември 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по тричасовната средба со неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Сочи изјави дека очекува наскоро да биде донесена одлука за договорот за жито.

„Разговаравме за обновување на договорот за жито во Црното Море. Верувам дека наскоро ќе биде донесена одлука во врска со иницијативата за жито“, рече Ердоган.

Тој истакна дека алтернативните опции од договорот за жито во Црното Море не даваат трајно решение и дека иницијативата мора да продолжи, пополнувајќи ги празнините.

„Сакаме да испратиме жито во сиромашните земји, разговаравме за тоа со Путин. Турција ќе направи се што е потребно за да испрати жито во сиромашните земји, се договоривме за тоа“, истакна Ердоган.

Според него, „Украина треба да ја омекне својата позиција кон Русија во однос на договорот за жито“.

„Разговаравме за земјоделството, туризмот, финансиите, енергијата и други прашања“, додаде Ердоган. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан