• петок, 19 јули 2024

ЕП 2024: Португалија со пресврт до победа против Чешка

ЕП 2024: Португалија со пресврт до победа против Чешка

Лајпциг, 18 јуни 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на двете селекции на ЕП 2024.

Иако „морнарите“ целосно доминираа на натпреварот, Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута.

Иберијците сепак успеаја да израмнат по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а во продолжението дефанзивецот направи кикс, што го искористи Франциско Консеисао и на тој начин португалската резерва го постигна победничкиот гол на натпреварот.

На тој начин Португалија стартуваше со победа во групата Ф, а во следниот натпревар в сабота ќе се соочи со Турција. Истиот ден, Чешка ќе се обиде да ги освои првите бодови против дебитантот на турнирот Грузија.

Уште пред почетокот на мечот во Лајпциг бевме сведоци на два рекорда. Кристијано Роналдо стана играчот со најмногу настапи на европските првенства - 6. А уште еден од лидерите на Португалија, Пепе, стана најстариот играч кој се појавил во европските завршници - 41 година и 113 дена. дс

Фото: Фејсбук/УЕФА ЕУРО 2024

Остани поврзан