• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕП го одобри договорот за соработка меѓу Евроџаст и Босна и Херцеговина

ЕП го одобри договорот за соработка меѓу Евроџаст и Босна и Херцеговина

Стразбур, 2 април 2025 (МИА) - Европратениците денеска со 619 гласови „за“, девет „против“ и 45 „воздржани“ го одобрија Договорот за продлабочување на соработката меѓу Агенцијата на ЕУ за кривичната правда - Евроџаст и Босна и Херцеговина. 

Договорот ги утврдува условите за соработка на Евроџаст со властите во Босна и Херцеговина и вклучува можности за размена на доверливи информации.  

Тој, исто така, содржи одредби за заштита и безбедност на податоците, вклучително и за условите за нивно складирање и чување и за правото на пристап до нив. 

За да се продлабочи оперативната соработка, Договорот и овозможува на Босна и Херцеговина да испрати службеник за врска во Евроџаст, а Агенцијата свој во БиХ.  

Според договорот, Евроџаст може да помага и за формирање на заеднички истражни тимови меѓу земјите членки на ЕУ и властите на Босна и Херцеговина. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан