• петок, 22 ноември 2024

„Епл“ ќе произведува телефони „ајфон 14“ во Индија

„Епл“ ќе произведува телефони „ајфон 14“ во Индија

Лос Анџелес, 23 август 2022 (МИА) - „Епл“ планира да почне со производство на својот следен модел паметен телефон „ајфон 14“ (iPhone 14) во Индија. Американската компанија бара алтернативи за своите капацитети во Кина, по контроверзиите на таа далекуисточна земја со Вашингтон и корона-карантините коишто ја прекинаа работата на фабриките, објави „Блумберг“.

Компанијата работи со доставувачите на зголемување на производството во Индија и скратување на доцнењето во склопувањето нови „ајфони“, кое за претходните модели изнесуваше од шест до девет месеци, се вели во извештајот на компанијата. Во наводите стои и дека доставувачот на „Епл“ со седиште во Тајван - „Фокскон“ врши проценки околу набавката на компоненти од Кина и можното производство во фабриката кај градот Ченај во јужна Индија. Производството на првиот „ајфон 14 ЕС“ во Индија најверојатно ќе заврши кон крајот на октомври или во ноември.  си/

Остани поврзан