• сабота, 29 јуни 2024

Енрике: Ова е почеток на сезоната, ПСЖ се уште е далеку од она што го сакам

Енрике: Ова е почеток на сезоната, ПСЖ се уште е далеку од она што го сакам

Париз, 20 август 2023 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике е разочаран од резултатите на неговите избраници во првите две кол од новата сезона. Парижаните вчеравечер од натпреварот од второто коло на францускиот шампионат одиграа 1:1 против Тулуз.

 

- Ова е разочарување. Требаше да победиме. Мислам дека имавме добро прво полувреме. Во вторио делт, освен на голот, изгубивме контрола и лошо игравме со топката. Уште едно реми. Да, немаше доволно контрола, особено кога резултатот беше 1:0. Две-три шанси што ги имавме, не реализиравме, а немавме среќа, го промашивме пеналот. Но, тоа е почеток на сезоната. Тимот се уште е далеку од она што го сакам, особено во нападот. Ќе продолжиме да работиме, ги цитира зборовите на Енрике „RMC Sport“.

 

ПСЖ осми во Лига 1 со два освоени бода. Тулуз е трет во поредокот со четири бода.

 

Во следното коло избраниците на Луис Енрике на 26 август на домашен терен играат со Ленс, а ден подоцна Тулуз ќе игра на гости кај Стразбур. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан