• сабота, 06 јули 2024

Ендуро и Оф-роуд натпревар утре во Делчево

Ендуро и Оф-роуд натпревар утре во Делчево

Делчево, 4 ноември 2023 (МИА) - Во организација на мото клубот „Ендуро Тим“, утре во Делчево ќе се одржи третата Ендуро оф-роуд трка. На натпреварот како што информираа од клубот пријавени се учесници од повеќе градови во Македонија.

-Годинешниот натпревар во Делчево се одржува под мотото „Оф-роуд натпревар 2023“. Ендуро и оф-роуд спортот како еден од екстремните спортови станува се попопуларен за сите вљубеници на возењето надвор од јавните патишта. Во последно време Делчево како град станува значајна оф-роуд дестинација, од причина што самата околина и природа нуди одлични услови за развој на овој спорт. Се надеваме дека ќе се собереме во што поголем број да се дружиме, спортуваме и уживаме во убавините на Пијанец  истакнаа организаторите.

Третата Ендуро трка ќе се одржи на претходно подготвена патека во близина на Индустриската зона во населбата Милково Брдо.

-Учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини со крос мотори, АТВ и УТВ како и џипови. За најдобрите како и минатата година имаме подготвено награди, додадоа од Ендуро Тим Делчево.

Почетокот на натпреварот е закажан за 10 часот, а организаторите упатија отворена покана до сите љубители на спортот да дојдат и со своето присуство да го збогатат одржувањето на настанот. вс/сх/

Фото: Ендуро/фејсбук

Остани поврзан