„Еми“ наградите одложени поради штрајкот на сценаристите и глумците во САД
- Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари.
Лос Анџелес, 28 јули 2023 (МИА) - Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд, пренесоа американските медиуми.
Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а наскоро се очекува и официјално соопштение.
Не е конечно одреден нов датум за доделувањето на наградите.
Холивудските глумци и сценаристи сѐ уште штрајкуваат. Ова е прв ваков штрајк во американската филмска историја по 63 години. си/
Фото: МИА архива.