• четврток, 27 јуни 2024

Емери: Нејмар е во состојба да го земе диригенството од Меси и Роналдо

Емери: Нејмар е во состојба да го земе диригенството од Меси и Роналдо
Париз, 2 мај 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери ги сподели своите впечатоци за работа со Нејмар. Бразилецот се приклучи на парискиот клуб во 2017 година од Барселона за рекордни 222 милиони евра. - Имав неверојатна година со него. Научив многу од начинот на кој тој работеше на секоја тренинг сесија и на секој натпревар. Нејмар е многу талентиран и ги има потребните квалитети за да го отелотвори овој талент. Мислам дека е во состојба да го земе диригенството од Меси и Роналдо и да стане најдобриот играч на светот. Тој има време да го стори тоа, вели Емери во изјава за „АС“. Емери го предводеше ПСЖ од 2016 до 2018 година. зс/

Остани поврзан