• петок, 17 мај 2024

Емери: Евертон беше заинтересиран за мене, имавме тричасовен разговор

Емери: Евертон беше заинтересиран за мене, имавме тричасовен разговор
Лондон, 9 јануари 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери изјави дека можел да го предводи Евертон. - Евертон беше заинтересиран за мене, размислував за оваа опција. Имавме тричасовно интервју. Тие сакаа да ме ангажираат кога јас го предводев ПСЖ, објави Емери. Тој најави пауза од тренерската работа. - Сакам да паузирам. Сега планирам да останам во Мадрид, а потоа да одам во Валенсија и Лондон. Би сакал да ги посетам моите роднини во Сан Себастијан. Неколку екипи се заинтересирани за мене, но јас не добив никакви конкретни понуди да се вратам на тренерскиот занает. Јас би сакал да работам во Шпанија, но не исклучувам какви било опции за во иднина, изјави Емери за шпанските медиуми. зс/

Остани поврзан