• вторник, 14 мај 2024

Емери пред Ливерпул: За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите

Емери пред Ливерпул: За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите
Ливерпул, 26 април 2022 (МИА) – Тренерот на Виљареал, Унаи Емери ги процени шансите на Виљареал за успех во Лигата на шампионите. Предводникот на шпанскиот клуб зборуваше во пресрет на првиот полуфинален натпревар против Ливерпул кој ќе се одржи утре на теренот на англискиот тим. - За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите. Победата над Јувентус во осминафиналето ни влеа поголема самодоверба. Во полуфиналето ќе се обидеме да создадеме услови за да имаме шанси. Ливерпул е одличен тим. Ни претстои возбудлива пресметка, изјави Емери. Средбата ќе се игра утревечер на „Енфилд“ со почеток во 21 часот. зс/

Остани поврзан