• сабота, 16 ноември 2024

Емери одбележува јубилеј - 800. натпревар во тренерската кариера

Емери одбележува јубилеј - 800. натпревар во тренерската кариера
Барселона, 27 септември 2020 (МИА) – Тренерот Унаи Емери вечерва по 800-ти пат предводи екипа како главен тренер. Тој со својот Виљареал гостува на „Камп Ноу“ кај Барселона. Предноста од 4:0 за Каталонците по шеесетина минути игра, не му дава многу причини на Емери за прослава на јубилејот. Во текот на својата кариера, шпанскиот стручњак беше на чело на Лорка Депортива (70 натпревари), Алмерија (84), Валенсија (220), Спартак (26), Севилја (205), ПСЖ (114), Арсенал (78) и Виљареал (3). зс/

Остани поврзан