Емери најдобар тренер во Премиер лигата во април
- Емери изминатиот месец ја предводеше Астон Вила до пет победи на седум натпревари на кои неговата екипа постигна 11 голови, а прими три.

Лондон, 12 мај 2023 (МИА) – Предводникот на Астон Вила, Унаи Емери, е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата во месец април.
Емери изминатиот месец ја предводеше Астон Вила до пет победи на седум натпревари на кои неговата екипа постигна 11 голови, а прими три.
Астон Вила го почна април со победа над Челзи на „Стемфорд Бриџ“, а три денови подоцна забележа и гостинска победа против Лестер.
Потоа на домашен терен беше совладан Нотингем Форест, по што уследи реми со Брентфорд и победа над Фулам.
Победничката серија на Астон Вила ја прекина Манчестер јунајтед. ег/
ФОТО: Твитер