Ембид ја избра репрезентацијата на САД
- Кошаркарот на НБА лигашот Филаделфија, Џоел Ембид, во иднина ќе настапува за репрезентацијата на САД, јавија вечерва американските медиуми

Филаделфија, 5 октомври 2023 (МИА) – Кошаркарот на НБА лигашот Филаделфија, Џоел Ембид, во иднина ќе настапува за репрезентацијата на САД, јавија вечерва американските медиуми.
Ембид, кој лани доби американско државјанство, поседува и француски пасош, а можеше да избере да настапува и за својата татковина Камерун.
Американските медиуми наведуваат дека Ембид, доколку биде здрав, со сигурност ќе има место во репрезентацијата на САД за Олимписките игри 2024 на кои подготвеност да настапат изразија и Стеф Кери, Леброн Џејмс, Бем Адебајо и многу други НБА ѕвезди.
Американската кошаркарска федерација најави дека составот кој ќе настапи на Игрите во Париз ќе биде објавен идната пролет. ег/ми/
фото: Х