• петок, 22 ноември 2024

ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите

ЕМА ќе испита дали испитувањата на Спутник В се во согласност со стандардите
Брисел, 7 април 2021 (МИА) – Европската агенција за лекови (ЕМА) следната недела ќе почне да истражува дали спроведените клинички испитувања на руската вакцина Спутник В против Ковид-19 се во согласност со глобалните клинички и научни упатства, информира денеска „Фајненшл тајмс“. ЕМА ја спроведува анализата во време кога луѓето кои се запознати со процесот на одобрување на вакцините, за „Фајненшл тајмс“ изјавија дека испитувањата на Спутник В не биле спроведени во согласност со етичките стандарди. Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за весникот изјави дека „не бил извршен притисок (врз учесниците)“ и оти испитувањата на Спутник биле спроведени „во согласност со клиничката пракса“. Русија соопшти дека припадниците на војската и државните службеници учествувале во тестирањето на вакцината, што ја изработила државна лабораторија и ја финансирала РДИФ. јт/

Остани поврзан