• петок, 22 ноември 2024

ЕМА: Кампања за вакцинација против Ковид-19 еднаш годишно како против грип

ЕМА: Кампања за вакцинација против Ковид-19 еднаш годишно како против грип

Амстердам, 15 февруари 2023 (МИА) – Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека очекува кампањите за вакцинација против Ковид-19 да се спроведуваат еднаш годишно, слично како и вакцинацијата против грип.

Иако вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште не се однесува како сезонски вирус за време на зимските бранови во умерените климатски подрачја, тоа би можело да биде правецот по кој би одело, изјави директорот за здравствени закани и стратегија за вакцинација на ЕМА, Марко Кавалери.

Во Европа има забележливо намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19, хоспитализација и смртност.

Кавалери, повикувајќи се на податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, истакна дека во изминатите 12 месеци забележани се најниски нивоа на инфекцијата во ЕУ. ми/

Остани поврзан