Ел Шарави ќе ја продолжи соработката со Рома за значително пониска плата
- Напаѓачот Стефан Ел Шарави ќе продолжи да настапува за Рома

Рим, 11 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот Стефан Ел Шарави ќе продолжи да настапува за Рома.
Актуелниот договор на италијанскиот крилен напаѓач истекува во јуни, но тој речиси сигурно повторно ќе потпише со „волците“ за уште една сезона, пишува „Ил Темпо“.
За да го продолжи престојот во главниот град, Ел Шарави се согласил на значително намалување на платата во споредба со сегашната плата. 32-годишниот ќе заработи 1,5 милиони евра за сезоната 2025/2026, откако моментално заработува 3,5 милиони. дс
Фото: Архива