• четврток, 04 декември 2025

Елајџа Вуд „упадна“ на свадба инспирирана од „Господар на прстените“, на изненадување на сите

Елајџа Вуд „упадна“ на свадба инспирирана од „Господар на прстените“, на изненадување на сите

Велингтон, 30 октомври 2025 (МИА) - Американскиот глумец Елајџа Вуд се врати на Нов Зеланд, каде што пред 26 години почна да се снима филмот „Господарот на прстените“. Овојпат, хобитот „упадна“ на свадба.

На Тикток-видеото, на венчавката специјално сместена во местото Матамата коешто Фродо Багинс - ликот на Вуд, го нарече дом во познатата филмска трилогија на Питер Џексон, Вуд притаено пристигнува со повеќе сниматели за да го документираат изненадувањето. Штом се појави, глумецот истрча до олтарот, за венчалното искуство на невестата и младоженецот, кои се обожаватели на приказната, да биде целосно.

@hobbitontours An unforgettable wedding in The Shire... #hobbiton ♬ original sound - Hobbiton Movie Set

„О, Боже мој!“, извика среќниот пар.

Присутните, сепак, забележаа дека, во својата обична јакна, фармерки и патики, Вуд (44) се издвојува од своите обожаватели облечени како хобити. Но, сепак, се фотографираше со повеќемина, меѓу кои и младенците.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан