ЕК промовираше нова стратегија за поттикнување на растот, конкурентноста и отпорноста на биоекономијата во Европа
- Биоекономијата ѝ нуди на Европа шанса да ја зајакне својата отпорност, да ги замени материјалите и производите базирани на фосилни горива, да создаде работни места и да го предводи глобалниот премин кон чисти индустрии, соопшти ЕК.
Брисел, 27 ноември 2025 (МИА) – Европската комисија денеска усвои нова Стратешка рамка за конкурентна и одржлива биоекономија на ЕУ, која има за цел да го трасира патот кон изградба на чиста, конкурентна и отпорна европска економија.
Според Комисијата, со користењето на копнени и водни обновливи биолошки ресурси и обезбедувањето алтернативи за ретките суровини, ЕУ ќе се движи кон поциркуларна и декарбонизирана економија и ќе може да ја намали зависноста од увоз на фосилни горива.
- Биоекономијата ѝ нуди на Европа шанса да ја зајакне својата отпорност, да ги замени материјалите и производите базирани на фосилни горива, да создаде работни места и да го предводи глобалниот премин кон чисти индустрии. Со оваа нова Стратегија, ЕУ ќе поддржи активности што обезбедуваат одржливи практични решенија користејќи ги нашите биолошки ресурси во сектори како што се земјоделството, шумарството, рибарството, аквакултурата, преработката на биомаса, биопроизводството и биотехнологиите, соопшти ЕК.
Во соопштението се посочува дека искористувањето на огромниот потенцијал на биолошки ресурси ќе резултира и со поттикнување на иновациите во користат на климата, природата и општеството.
Според податоците на ЕК, секторот на биоекономијата на ЕУ во 2023 година создал вредност од 2.700 милијарди евра и во него се вработени 17,1 милиони луѓе, што претставува околу осум отсто вкупниот број работните места во блокот. Дополнително, се проценува дека секое работно место во биоекономијата создава три индиректни работни места во други сектори во ЕУ.
Меѓу производите на биоекономијата спаѓаат фармацевтските препарати изработени на база од алги, амбалажата за пакување од биопластика, како и биолошките градежни производи, текстилни влакна и ѓубрива.
Си стратегијата се предвидува и формира „Алијанса за био-базирана Европа“, која ќе ги здружи компаниите од ЕУ за заеднички набавки во секторот на биоекономијата во вредност од 10 милијарди евра до 2030 година. сп/јт/
Фото: Европска комисија