• недела, 22 декември 2024

ЕК го претстави акцискиот план за европска демократија

ЕК го претстави акцискиот план за европска демократија
Брисел, 4 декември 2020 (МИА) - Европската комисија оваа недела го претстави својот акциски план за европска демократија. Ова е една од главните иницијативи на програмата за работа на Комисијата за 2020 година, објавена во политичките упатства на претседателката Урсула фон дер Лајен. Акцискиот план за европска демократија, заедно со новиот европски механизам за владеење на правото, новата стратегија за зајакнување на имплементацијата на Повелбата за основните права, Акцискиот план за медиуми и аудиовизуелниот сектор, како и пакетот мерки преземени за заштита на еднаквоста низ цела ЕУ, ќе биде клучен двигател за да се даде нов поттик на европската демократија со цел да се одговори на предизвиците на дигиталното време. паг/  

Остани поврзан