• недела, 22 декември 2024

ЕК тужи осум членки на ЕУ пред Судот на правдата поради непочитување на правилата на Унијата

ЕК тужи осум членки на ЕУ пред Судот на правдата поради непочитување на правилата на Унијата

Брисел, 14 јули 2023 (МИА) - Брисел, 14 јули 2023 (МИА) - Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија, Луксембург, Италија, Кипар, Малта, Унгарија и Полска пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување или непочитување на регулативите на Европската Унија.

Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, додека Луксембург е обвинет за несоодветно усогласување со Директивата против даночно затајување.

Италија е обвинета дека не ја прекинала дискриминацијата на странските предавачи, а Кипар и Малта се товарат за несоодвена имплеметација на правилата на ЕУ за признавање на професионалните квалификации. Унгарија е дадена на Судот на правдата поради правилата за воведување фиксни цени за градежни материјали, а Полска поради забраната за аптеките да се рекламираат.

Според Еврокомисија, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Шведска не ги применила правилата за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје согласно Директивата на ЕУ за огнено оружје, со кои се бара оружјето да има јасна, трајна и единствена ознака. 

- Шведска не успеа целосно да ја имплементира Директивата до крајниот рок - 17 јануари 2020 година. Нецелосното усогласување од страна на Шведска ја загрозува целта на самата Директива за зајакнување на јавната безбедност во Унијата, посочува Европската комисија.

Брисел покрена прекршочна постапка против Шведска во мај 2020 година со испраќање на официјално писмо, по што во февруари 2022 година достави и образложение за одлуката. На 9 јуни годинава, шведските власти на Комисијата и доставија Нацрт-закон кој има за цел да ја имплементира Директивата, но тој се уште не е донесен, поради што извршното тело на Унијата реши да покрене постапка пред Судот на правдата.

Во однос на Естонија, Еврокомисијата смета дека земјата не успела да ја импементира Директивата ЕЦН+ за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, која ги обврзува власите на членките на ЕУ да ги спроведуваат антимонополските правила на Унијата. 

Земјите членки на ЕУ беа обврзани да усвојат препораки и мерки за целосно усогласување со Директивата ЕЦН+ до 4 февруари 2021 година, Естонија доега не доставила до Брисел никакви одлуки во тој правец, поради што Европската комисија одлучи да ја тужи земјата пред Судот на правдата на ЕУ.

Луксембург, пак, се товари дека несоодветно го усогласил своето законодавство со Директивата против даночно затајување (АТАД1), во делот кој предвидува отстапки од обврската за плаќање камати на даночната основа за одредени финансиски друштва. Луксембург во својата регулатива во овие финанскиски друштва ги вклучил и правните субјектите што тргуваат со хартии од вредност, кои не се наоѓаат на листата утврдена со Директивата АТАД1.

Во мај 2020 година, Европската комисијата до Луксембург испрати писмо за формално известување за оваа неусогласеност, проследено со образложение доставено на 2 декември 2021 година и со барање земјата да изврши измени во своето законодавство во рок од два месеци. 

- Бидејќи луксембуршкиот одговор на образложението не беше задоволителен, Комисијата сега одлучи да го упати Луксембург пред Судот на правдата на Европската Унија, се посочува во одлуката.

Според Евркомисијата, Италија не прекинала со дискриминацијата на странските предавачи, со што не го имплеметира соодветно сопственото законодавство за спроведување на правилата од Директивата на ЕУ за слободно движење на работниците и од Договорот за функционирање на Европската Унија.

Согласно законодавство на ЕУ, граѓаните на Унијата не смеат да бидат дискриминирани поради нивната националност во однос на пристапот до работа и работните услови, но според ЕК, повеќето универзитети во Италија не ги презеле мерки за усогласување со овие правила за предавачи од други членки на ЕУ во однос на нивните плати, стаж и социјално осигурување, што е потврдено и со пресуда на Судот за правдата.

- Комисијата ја започна прекршната постапка против Италија во 2021 година и достави образложение во јануари 2023 година. И покрај посотечкото национално законодавство и пресудата на Судот, странските предавачи и наѕаму се дискриминирани, што беше причина зошто Комисијата ја упатува Италија пред Судот на правдата на Европската Унија, се наведува во одлуката.

Во однос на Кипар и Малта, Европската комисија оценува дека нивните национални законодавства создаваат неоправдани пречки за признавање на професионалните квалификации на лица од други земји, со што ја попречуваат мобилноста на работната сила во ЕУ.

- Кипарското законодавство предвидува неоправдани предуслови за признавање на професионалните квалификации на инженерите и архитектите. Малтешкото законодавство предвидува дополнителни обуки и јазични барања за здравствените работници, како и прекумерни процедурални барања и документи за ветеринарите кои сакаат да вршат привремени услуги во Малта, се наведува во одлуката.

Комисијата смета дека Кипар и Малта продолжуваат ги прекршуваат правилата на ЕУ и затоа одлучи да ги достави случаите пред Судот на правдата на Европската унија.

Европската комисија реши да ја тужи и Унгарија во врска со правилата за воведување фиксни цени за градежни материјали, како песок, чакал и цемент, како и поради високите казни за нивно непочитување.

Комисијата смета дека овие мерки не се во согласност со Договорот за функционирање на ЕУ, а дополнително од Унгарија не добила известување за воведувањето на фиксни цени, како што предвидува Директивата за транспарентност на единствениот пазар на ЕУ (СМТД).

- Националните мерки воведуваат фиксни цени за специфични градежни материјали и обврска за компаните да ги почитуваат, дури и ако се економски не одржливи. Овие мерки се чинат неоправдани или несоодветни, смета ЕК.

Во врска со фиксните цени, Еврокомисијата првично испрати формално известување до Унгарија во април 2022 година, проследено со образложение во јануари 2023 година и бидејќи смета дека Будумпешта продолжува да ги прекршува правилата на ЕУ, одлучи да покрене тужба против земјата.

Европската комисија репи да ја даде и Полска на Судот на правдата поради забраната за аптеките да ги рекламираат своите активности. Според полскиот закон, аптеките можат да и даваат на јавноста само ограничени информации за нивната локација и работното време, но не смеат да користат интернет или други електронски и неелектронски средства за комерцијална комуникација.

ЕК посочува дека според Директивата на ЕУ за е-трговија, на фармацевтите им се дозволува да ги користат услугите на информатичкото општество за да ги промовираат своите активности и дека таа, како и Договорот за функционирање на Европската Унија, забрануваат националните законодавства да воведат забрана за рекламирање на аптеките и нивните активности, што е потврдено и од Судот на правдата на ЕУ.

- Одредени неопходни ограничувања можат да останат во сила за да се спречат маркетиншките практики кои би можеле да имаат негативни ефекти врз јавното здравје, но целосната забрана за рекламирање ја попречува конкурентноста на пазарот и е пречка за развој и промоција на современи услуги кои можат директно да им користат на пациентите, смета Комисијата.

Во однос на ова прашање ЕК првично испрати писмо до Полска за формално известување во јануари 2019 година и образложени во јули 2020 година. - Бидејќи Комисијата смета дека Полска се уште ги прекршува правилата на ЕУ, одлучи да го упати случајот до Судот на Правда на Европската Унија, се додава во одлуката. сп/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан