• понеделник, 27 ноември 2023

ЕК ги продолжи правилата за државна помош за компаниите до јуни 2024 година

ЕК ги продолжи правилата за државна помош за компаниите до јуни 2024 година

Брисел, 20 ноември 2023 (МИА) – Европската комисија денеска објави дека ќе ја продолжи важноста на релаксираните правила за државна помош до јуни следната година, со цел да им овозможи на земјите од ЕУ да им помогнат на компаниите да се справат со високите цени на енергијата, по рускиот напад врз Украина и геополитичката ситуација во Блискиот Исток.

Оваа одлука ќе им овозможи на земјите-членки, онаму каде што е потребно, да го поддржат планот за поддршка и да се погрижат компаниите кои сè уште се погодени да не бидат отсечени од потребната помош во текот на претстојната зимска грејна сезона, соопшти ЕК.

ЕК ги олесни правилата за државна помош во март минатата година, откако илјадници компании беа погодени од војната во Украина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан