• среда, 25 декември 2024

Експлозија во трговски центар во Русија

Експлозија во трговски центар во Русија

Москва, 25 декември 2024 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи.

Според руските медиуми, експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање.

Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата.

Претседателот на руска Северна Осетија најави дека е на лице место, каде што е распореден и оперативниот штаб, а во тек е и процесот на гаснење на пожарот. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан