• четврток, 21 ноември 2024

Експлозив откриен на грчкиот остров Калимнос

Експлозив откриен на грчкиот остров Калимнос
Атина, 27 април 2020 (МИА) - Складиште со експлозивен материјал од над 33 килограми, пронашла грчката полиција во непреоден дел на грчкиот остров Калимнос, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата, експлозивот со тежина од 33 килограми и 499 грама бил спакуван во 44 рачно изработени пакувања. Нема информации на кого му припаѓал откриениот експлозив. ср/ми/

Остани поврзан