Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
- Од експлозијата, сопсветничката се здобила со повреди и била пренесена во Клиничката болница - Штип за укажување на лекарска помош.
Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Едно лице се здобило со повреди при експлозија од плинска боца во стан во Штип, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 11:43 часот во СВР - Штип е пријавено дека на улицата „Вера Циривири Трена“ настанала експлозија од плинска боца во стан, сопственост на П.Р., на возраст од 70 години, при што од притисокот, врата и прозорец биле исфрлени од станот и паднале врз паркирано патничко возило „југо“, појаснија од МВР.
Од експлозијата, сопсветничката се здобила со повреди и била пренесена во Клиничката болница - Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР - Штип. бд/
Фото: МИА архива