• понеделник, 23 декември 2024

Експертите бараат од СЗО нова истрага за потеклото на Ковид-19

Експертите бараат од СЗО нова истрага за потеклото на Ковид-19
Женева, 5 март 2021 (МИА) - Група од 26 експерти упати писмо до Светска здравствена организација (СЗО) со кое бара нова истрага за пандемијата со Ковид-19 откако, како што наведуваат, досегашната истрага не исклучила ниту една теорија за настанокот на вирусот. Еден од авторите на писмото, Николај Петровски од австралискиот Универзитет Флиндерс во Аделаида, истакна дека и покрај истрагата на СЗО во Кина во јануари светот нема повеќе сознанија за потеклото на Ковид-19 отколку пред една година. Во писмото експертите наведуваат и дека мисијата на СЗО немала мандат, независност или соодветен пристап за спроведување на целосна и неограничена истрага на сите теории. - Сите можности и понатаму се на маса и уште не сум видел ниту еден независен научен податок што исклучува која било од нивв, посочи Петровски. Во јануари тим научници избрани од СЗО ги посети болниците и истражувачките институти во кинескиот град Вухан, каде првпат беше идентификуван Ковид-19. Научниците беа криикувани дека премногу се потпираат на кинеските податоци, а дел од научниците изјавија дека Кина не сакала да ги сподели клучните податоци кои би укажале дека Ковид-19 циркулирал месеци пред да биде препознаен. ми/

Остани поврзан