• петок, 22 ноември 2024

Економското зајакнување на жените од Западниот Балкан клучно за подобро закрепнување по пандемијата

Економското зајакнување на жените од Западниот Балкан клучно за подобро закрепнување по пандемијата
Скопје, 11 февруари 2021 (МИА) - Неизвесно е кога Западниот Балкан ќе постигне соодветна покриеност на своето население од 18 милиони луѓе со вакцина против Ковид-19. Една работа, меѓутоа, е сигурна. И кога значаен број жени ќе се вратат на работните места што ги изгубија во текот на пандемијата, родовата нееднаквост нема да исчезне, што го спречува регионот да го оствари својот полн потенцијал и да создаде отпорност на идни удари, наведуваат во заедничка изјава генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу и директорката на Регионалното биро на УНДП за Европа и Заедницата на независни држави, Мирјана Шпољариќ.

Тие сметаат дека сега, како никогаш порано, е потребно жените да се вратат на работа. Како поддршка на тоа, Развојната програма на УНДП и Советот за регионална соработка во декември 2020 ја покренаа иницијативата за економско јакнење на жените на Западен Балкан.

Темелите на оваа нова иницијатива е јакнење на мрежата и соработката на различни родови прашња и овозможува стратешка рамка потребна во овој исклучително важен момент да се утврдат и спроведат активности во доменот политики со цел јакнење на жените и отстранување на родовите разлики на раководни позиции.

- Економското зајакнување на жените и способноста да напредуваат во сигурно и продуктивно опкружување, на работа и дома, се неопходни услови Западниот Балкан да постигне одржлив раст и развој, оценуваат Брегу и Шпољариќ. Тие нагласуваат дека зголемувањето на женското претприемништво и учеството на жените во работната сила би донело зголемување на БДП на регионот на Западен Балкан за до 20 отсто. - Паметно вложување е вложување во жените на високи позиции во полтитиката и на раководни места во стопанството. Емпириските докази покажуваат дека поголема застапеност на жените го зголемува квалитетот на управувањето. Исто така, претпријатијата во кои е поголема застапеноста на жените на раководни позиции имаат поголеми можности за остварување на одржлив, профитабилен раст, истакнуваат Брегу и Шпољариќ.

Родовата рамноправност е значаен дел од стратешкото делување на ЕУ во рамки на преговорите за проширување. Отстранувањето на родовите разлики на пазарот на труд и постигнувањето на еднакво учество во различни сектори на стопанството претставува главна цел на Стратегијата за родова рамноправност на Европската комисија.

Еден од првите приоритети на иницијативата е зголемување на учеството на жените во образованието и кариерите во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката. Бројот на жени на Западен Балкан кои ги напуштаат студиите или се откажуваат од кариерите во овие области е загрижувачки и достигнува до 70 отсто.

Брегу и Шпољариќ оценуваат дека враќањето на статусот кво, кој беше пред пандемијата, ќе значи заостанување на Западниот Балкан. Ако во нашиот одговор на пандемијата не ја вклучиме и родовата перспектива, нема да успееме да изградиме отпорни општества и само повеќе ќе ја зацврстиме се поголемата нееднаквост.

- Жените се клуч за искористување на економскиот потенцијал во нашиот регион и треба да им се помогне да стекнат вештини и искуства да раководат и да насочуваат работа во фирми, да посетуваат едукации од областа на финансиите, вклучително и обуки за начинот на утврдување на соодветните финансиски производи и услуги, со што ќе им се овозможи да управуваат со средства и да предводат на патот кон одржливост, заклучуваат Брегу и Шпољариќ. нд/сп/

Остани поврзан