Еколошка акција „Генералка викенд“ во Берово
- Во Берово денеска е спроведена еколошката акција „Генералка викенд“. Активностите се раализираа на повеќе локации, а во акцијата се вклучија училиштата и институциите на локално ниво, како и волонтери на Црвен крст на Македонија.
Делчево, 9 мај 2025 (МИА) - Во Берово денеска е спроведена еколошката акција „Генералка викенд“. Активностите се раализираа на повеќе локации, а во акцијата се вклучија училиштата и институциите на локално ниво, како и волонтери на Црвен крст на Македонија.
- „Генералка викенд“ 2025 е во организација на Општина Берово, МЕН ЕНД МАУНТЕН, ЗЕЛС, Пивара Скопје, Нула отпад и ПАКОМАК. Големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, е поддржана и од општествено одговорни компании: LIFE Sparkasse, EVN - Македонија, Мак Стил, Бучим, Saubermacher БИ Милк и Костал. Се чистеше на повеќе локации на територија на Општина Берово. Целта на акцијата, е да се собере што е можно повеќе отпад, кој ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад, информираа од Општината.
Почнувајки од денеска, со поддршка на официјалниот партнер НУЛА ОТПАД, започнува и акцијата „Eлектро Генералка 25“!
-Почнувајќи од 9-ти мај па се до 13 мај 2025 година се спроведува посебна акција наречена „ELECTRO GENERALKA 25“.
За таа цел на локација во близна на Дом за стари лица „Иван Влашки“ – Берово, е поставен контејнер за собирање на електричен и електорнски отпад како на пример: стари печатачи, компјутери, факс-машини, телевизори, телефони, видеорекордери, фрижидери, машини за перење, компресори итн... се што е во вашето складиште или подрум и со години не е во употреба, може да го оставите во контејнерот каде што ќе биде бесплатно превземено, велат од општината.
По завршувањето на денешната акција за секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство заедно со Национални шуми ќе посади по 1 дрво во рамките на нивните годишни програми за пошумување. вс/
Фото: МИА