• петок, 22 ноември 2024

Еколошка акција во Општина Маврово и Ростуше

Еколошка акција во Општина Маврово и Ростуше
Дебар, 5 јуни 2021 (МИА) - По повод 5-ти Јуни, Светскиот ден на животната средина денеска на територијата на Општина Маврово и Ростуше беше организирана голема еколошка акција. - Станува збор за чистење на комуналниот отпад од сите населени места во општината. Поконретно расчистување на сметот околу спортската сала „Македонија“, еко пазарот, регионалниот пат Маврово - Дебар, паркинг центарот во Маврово, излетничките места покрај Мавровското Езеро и други населени места, информираа од општината. Оттаму посочуваат дека вакви акции ќе има и во иднина, со цел да се зачува чиста животната средина, зашто „сите треба да бидеме свесни дека резервна планета немаме“. Заедно со вработените во општинската администрација, Јавното претпрјатие за комунална дејност „Маврово“ и претствници на граѓански организации активно учествуваше и градоначалникот Медат Куртовски. - Апелирам до сите жители во општината, намерни и ненамерни патници, викендаши и туристи, сите да бидеме повнимателни и поодговорни, да ја чуваме живитната средина и природата. Нема да згрешам ако кажам дека кога Бог одлучувал каде, кому и колку да дарува се чини воопшто не се двоумел тоа да биде нашиот крај, кој изобилува со природни богатства и убавини, рече Куртовски. Општина Маврово и Ростуше редовно спроведува еколошки акции, во кои се вклучени и ученици од основните и средното училиште, како и вработените во Националниот парк „Маврово“. вт/фф/

Остани поврзан