• среда, 24 април 2024

Еклстоун: Би бил многу изненаден доколку Хамилтон го напушти Мерцедес

Еклстоун: Би бил многу изненаден доколку Хамилтон го напушти Мерцедес

Лондон, 25 мај 2023 (МИА) - Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, ја коментираше можноста Луис Хамилтон да се пресели од Мерцедес во Ферари.

 

- Луис често велеше дека кога ќе одлучи да ја заврши својата тркачка кариера, би сакал да задржи некаква врска со Мерцедес. Затоа ќе бидам многу изненаден доколку Хамилтон навистина сака да го напушти Мерцедес. И да сум на местото на Луис, гледајќи дека самиот Леклер, очигледно, е подготвен да го напушти Ферари, би се посомневал дека има проблеми во тимот.

 

Исто така, не знам зошто Луис одеднаш би решил дека ќе му биде подобро во Ферари отколку во неговиот сегашен тим. Тој знае се за Мерцедес, а тимот него многу го почитува, изјави Еклстоун.

Неодамна во британскиот печат се појави информација за преговорите на Хамилтон со Ферари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан