• петок, 05 декември 2025

Екипите на електродистрибуција го санираат дефектот кој остави повеќе села во кумановско без струја

Екипите на електродистрибуција го санираат дефектот кој остави повеќе села во кумановско без струја

Куманово, 5 ноември 2025 (МИА) - Екипите на електродистрибуција продолжуваат со работа за санација на дефектот кој се случи вчера и остави повеќе села од поширокиот кумановски регион без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН.

Жителите од повеќе села реагираа до медиумите дека останале без струја подолг временски период.

Од Електродистрибуција информираат дека дел од кумановските села вчера останалд без електрична енергија поради испад на 20кВ далекувод.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека без електрична енергија се повеќе села од општините Куманово и Старо Нагоричане.  

-Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за поголемиот дел од засегнатите села. Тие продолжуваат со работа се до целосна санација на дефектот и нормализирање на снабдувањето и за преостанатиот дел од корисниците, информираат од Електродистрибуција. ам/сст/


Фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан