• понеделник, 04 ноември 2024

Едно лице загина на патот Гевгелија-Богданци, во сообраќајката учествувале четири возила

Едно лице загина на патот Гевгелија-Богданци, во сообраќајката учествувале четири возила

Струмица, 19 јануари 2024 (МИА) -Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.

-Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија - Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила - две марка "мерцедес", "опел корса" и "хјундаи". Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија, изјави Трајанова.

Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.

ТППЕ Гевгелија е излезена на местото на несреќата со едно против - пожарно возило и тројца пожарникари. рт/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан