• петок, 22 ноември 2024

Едно лице загина во украинското гранатирање на Белгород

Едно лице загина во украинското гранатирање на Белгород

Киев, 22 март 2024 (МИА) - Една жена загина утринава во украинското гранатирање на регионот Белгород, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.

Тој додаде дека во нападот имало и повредени.

Според него, во гранатирањето биле оштетени три здравствени установи и неколку станбени згради.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека утрово системите за противвоздушна одбрана над регионот Белгород собориле осум украински проектили истрелани од ракетниот систем Вампир.

Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан