Едно лице загина во Абу Даби откако ОАЕ пресретнаа ирански ракети
- Едно лице загина денеска во Абу Даби откако противвоздушните сили на Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети, пренесе државната новинска агенција на ОАЕ.
Абу Даби, 28 февруари 2026 (МИА) – Едно лице загина денеска во Абу Даби откако противвоздушните сили на Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети, пренесе државната новинска агенција на ОАЕ.
Како и Ирак, Катар и Кувајт, и Обединетите Арапски Емирати соопштија денеска дека го затвораат својот воздушен простор, пренесе државната агенција WAM. јт/