• понеделник, 20 мај 2024

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Попова Шапка

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Попова Шапка

Тетово, 7 април 2024 (МИА) – Поради излетување од коловозната лента маж на возраст од 80 години го изгуби животот, попладнево по 17 часот на патот Тетово-Попова Шапка кај месноста Расадиште.

-Патничко моторно возило „рено меган“ со австриски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информираа од СВР Тетово.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Поради сообраќајната несреќа за интервенција била повикана и противпожарната единица од Тетово. ас/ра/

Фото: МИА aрхива

 

Остани поврзан