Едно лице го загуби животот, а 79 се повредени во торнадо во источна Кина
- Едно лице го загуби животот, а 79 се повредени во торнадо што денеска ја погоди источната кинеска провинција Шандонг.

Пекинг, 5 јули 2024 (МИА) - Едно лице го загуби животот, а 79 се повредени во торнадо што денеска ја погоди источната кинеска провинција Шандонг.
Властите соопштија дека повредените се хоспитализирани.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како при торнадото паднале дрвја и билборди. рп/
Фото: МИА архива