• четврток, 26 март 2026

Еднократна парична помош за првачињата во Делчево

Еднократна парична помош за првачињата во Делчево

Делчево, 4 септември 2025 (МИА) - Сите ученици кои оваа учебна година го започнале своето образование во двете општински основни училишта во Делчево ќе добијат еднократна парична поддршка од 3.000 денари од Општината. Средствата се обезбедени од општинскиот Буџет и се дел од мерките предвидени во Програмата за социјална заштита.

- Целта е да се обезбеди финансиска поддршка на родителите за подготовка на своите деца за започнување на школувањето, но и како мотивација учениците да се запишуваат во делчевските училишта, истакнаа од Општина Делчево.

Потребно е да се поднесе писмено барање до архивата на Општината заедно со потпишана изјава за користење лични податоци, важечка лична карта на еден од родителите, извод од матична книга на родени за детето, потврда за запишан ученик во прво одделение заверена од училиштето и трансакциска сметка на барателот.

Документите можат да се преземат од веб-страницата на Општина Делчево - delcevo.gov.mk.

Барањата можат да се поднесат најдоцна во рок од три месеци од почетокот на учебната година. вс/бак/


Фото: Општина Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан