• четврток, 19 декември 2024

Една противпожарна екипа останува во Кумановскиот суд

Една противпожарна екипа останува во Кумановскиот суд

Куманово, 11 јули 2023 (МИА) - Една екипа од територијалната противпожарна единица сè уште е внатре во подрумските простории на Основниот суд Куманово. Заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски изјави дека над 90 проценти е локализиран пожарот, влезено е внатре во просториите. Дел од архивата е отстранета и на терен е една екипа од четворица пожарникари со едно возило.

- Ги повлековме сите возила, остануваме се до целосна ликвидација на пожарот, изјави Станковски за МИА.

Во текот на денот се сменија 15-тина пожарникари и пет возила.

И од судот кажаа дека ќе дежураат цела ноќ пред установата како и екипи на полицијата, од МВР, од обвинителство.

- Чади минимално, пожарникарите кажаа дека нема да има проширување на чадот, но и тие ќе останат со една екипа во текот на ноќта која ќе контролира, изјави претседателката на судот, Снежана Манев.

Пожарот избувна минатата ноќ во 01:35 часот. аа/са/

Фото: ТППЕ Куманово и МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан