• вторник, 24 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Една одлична четвртина доволна за Баскет КАМ да изедначи во финалето со Бадел

Една одлична четвртина доволна за Баскет КАМ да изедначи во финалето со Бадел
Македонска Каменица, 22 мај 2021 (МИА) – Кошаркарките на Баскет КАМ брзо се опоравија по оној почетен шок, односно поразот пред неколку дена во првиот натпревар од финалето на плеј-офот. Една феноменална четвртина беше доволна за девојките од М. Каменица да го победат Бадел со 78:73 и да израмнат на 1:1 во финалната серија. Екипата од Скопје парираше во првиот период, дури девојките во сино-жолта комбинација го добија таа четвртина со минимални (15:14). А потоа следуваа извонредни 10 минути за Баскет КАМ за на полувреме да се отиде со 56:36. По ваквиот резултат веќе стана јасно дека во Македонска Каменица нема да се случи ново изненадување. Следниот меч треба да се игра на 26 мај (среда), во Скопје, каде домаќин е екипата на Бадел 1862. зс/

Остани поврзан