Една жена повредена при ракетен напад во Дамаск
- Една жена е повредена во синоќешниот ракетен напад во главниот град на Сирија, Дамаск
Дамаск, 15 ноември 2025 (МИА) – Една жена е повредена во синоќешниот ракетен напад во главниот град на Сирија, Дамаск.
Ракети од мобилен лансер се истрелани врз една куќа во западниот дел на Дамаск.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападот. Експлозиите во Дамаск не се ретка појава, но по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад во декември минатата година е намален нивниот број. ми/
фото: МИА архива