• понеделник, 23 декември 2024

„Единствена Русија“ со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

„Единствена Русија“ со убедливо водство на парламентарните избори во Русија
Москва, 20 септември 2021 (МИА) - Пет партии - „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално - демократската партија, „Праведна Русија - за вистината“ и „Нови луѓе“ влегуваат во Државната дума по обработката на 40 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Русија. - Конечниот одѕив на тридневните парламентарни избори ќе биде објавен денеска, изјави Николај Булаев, заменик-претседател на Централната изборна комисија. „Единствена Русија“ освои 45,54 отсто од гласовите за партиските листи, а нејзините кандидати освоија 193 од 225 места. На второ место е Комунистичката партија на Руската Федерација, која доби 21,66 отсто од гласовите. Нејзините кандидати водат во 16 изборни единици. Исто така, во првите пет се Либерално -демократската партија (8,22 отсто) и „Праведна Русија - за вистината“ (7,57 отсто). Партијата „Нови луѓе“, со 6,14 отсто, е единствената вонпарламентарна политичка формација што ја мина бариерата од пет проценти.

На најгласните критичари на Кремљ им беше забрането да учествуваат на изборите.

Како што пренесуваат странските агенции, во текот на трите изборни дена имаше бројни извештаи за изборни нерегуларности и принудно гласање.

Изборната комисија ги отфрли жалбите, наведувајќи дека тие се дел од добро финансирана кампања од странство. паг/

Остани поврзан