• понеделник, 21 април 2025

Единаесет потенцијални дестинации за проширување на НБА во Европа

Единаесет потенцијални дестинации за проширување на НБА во Европа


Белград, 21 март 2025 (МИА) – Вкупно 11 градови се истакнати како опции за идни дестинации за потенцијално проширување на кошаркарската НБА лига во Европа, јавија српските медиуми.
Според Меридијан спорт, 11 градови се Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина.
Проектот дополнително ќе биде разгледан на претстојниот лидерски состанок на НБА со учество на генералниот секретар на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) Андреас Загклис. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан