• четврток, 04 декември 2025

Единаесет лица повредени, меѓу кои и четири деца, во руски напад врз украинскиот град Суми

Единаесет лица повредени, меѓу кои и четири деца, во руски напад врз украинскиот град Суми

Суми, 31 октомври 2025 (МИА) - Русија изведе ноќен напад врз североисточниот украински град Суми, при што беа ранети 11 жители, меѓу кои и четири деца, соопштија денеска украинските служби за итни случаи.

Сумскиот регион се граничи со Русија и е под постојан напад и од беспилотни летала и од ракети.

Службите за итни случаи објавија на Телеграм дека Русија погодила висока станбена зграда, куќи и инфраструктура.

Според гувернерот на регионот, Игор Калченко, Русија нападнала железничка станица, уништувајќи неколку вагони и оштетувајќи згради.сд/

фото: Х

Остани поврзан