• недела, 22 декември 2024

Еден од најдобрите универзитети во Кина го укина тестот по англиски јазик како услов за диплома

Еден од најдобрите универзитети во Кина го укина тестот по англиски јазик како услов за диплома

Пекинг, 22 септември 2023 (МИА) - Еден од најдобрите универзитети во Кина ги укина тестовите по англиски јазик како предуслов за дипломирање, што повторно ја поттикна дебатата за улогата на овој светски јазик во образовниот систем на земјата, јави Си-Ен-Ен. 

Универзитетот Сиан Џиаотонг, во главниот град на провинцијата Шанси, соопшти дека од студентите повеќе нема да се бара да полагаат национален стандардизиран тест за англиски јазик или кој било друг испит по англиски јазик за да добијат диплома.

Објавата предизвика дебата на социјалните мрежи, при што многумина ја пофалија одлуката и повикаа повеќе универзитети да го сторат истото, додава Си-Ен-Ен.

Полагањето на тестот за англиски јазик, национален стандардизиран испит за првпат одржан во 1987 година, беше услов за дипломирање на повеќето кинески универзитети со децении, иако властите никогаш не го направија тоа задолжително.

Во последните години, некои универзитети ја минимизираа важноста на англискиот јазик, или со замена на националниот тест по англиски јазик со свои испити или, како во овој случај, со целосно отфрлање на квалификацискиот испит за англиски јазик како критериум за дипломирање. паг/

Фото: Скриншот

Остани поврзан