• четврток, 26 март 2026

Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев

Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев

Киев, 21 јули 2025 (МИА) – Едно лице загина, а две се повредени при руски ракетни напади што ја погодија украинската престолнина Киев изминатата ноќ, соопштија денеска локалните власти.

Нападите погодиле четири делови од градот, а оштетени се станбени згради, супермаркет, влез на метро-станица и основно училиште каде што избувнал и пожар, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Жртвите ги потврди началникот на воената администрација на градот, Тимур Ткаченко. ссм/

фото: архива

Остани поврзан