• четврток, 26 март 2026

Египет се обидува да го убеди Хамас да го прифати планот на Трамп

Египет се обидува да го убеди Хамас да го прифати планот на Трамп

Каиро, 2 октомври 2025 (МИА) – Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, денеска изјави дека Каиро активно соработува со Катар и Турција за да го убеди Хамас да го прифати планот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој има за цел да ја заврши речиси двегодишната војна во Газа.

- Се среќаваме со нив. Се координираме со нашите браќа во Катар, а исто така и со нашите колеги во Турција за да го убедиме Хамас позитивно да одговори на овој план, рече Абделати.

Тој нагласи дека се потребни дополнителни разговори за да се разјаснат преостанатите сомнежи. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан