• петок, 21 февруари 2025

Египет испрати уште помош за Палестинците на вториот ден од прекинот на огнот во Појасот Газа

Египет испрати уште помош за Палестинците на вториот ден од прекинот на огнот во Појасот Газа

Ал-Ариш, 20 јануари 2025 (МИА) – На вториот ден од прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, Египет денеска испрати уште околу 220 камиони со помош кон Појасот Газа,јави ДПА.

Претставник на египетската Црвена полумесечина во Северен Синај изјави дека во дополнителните камиони има и 10 што превезуваат гориво, а ќе влезат во Газа преку граничниот премин Керем Шалом на југ од енклавата.

Тој додаде дека околу опколената палестинска територија има 3.000 камиони што се подготвени да донесат хуманитарна помош.

Според шефот за хуманитарни прашања на Обединетите нации, Том Флечер, повеќе од 630 камиони со хуманитарна помош вчера влегоа во Газа, а најмалку 300 од нив отишле во северниот дел на енклавата, потсети ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан