Египетскиот министер за надворешни работи замина за Париз за да учествува на состанокот за Газа
- Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, замина за Париз за да учествува на министерскиот состанок на кој ќе се разговара за Појасот Газа, објавија египетските медиуми.
Каиро, 9 октомври 2025 (МИА) - Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, замина за Париз за да учествува на министерскиот состанок на кој ќе се разговара за Појасот Газа, објавија египетските медиуми.
Форумот се одржува во услови на „неодамнешни позитивни случувања“ во египетскиот туристички град Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи.
Состанокот на високо ниво ќе ги собере министрите за надворешни работи и високите претставници од Франција, Италија, Велика Британија, Германија, Шпанија, Египет, Саудиска Арабија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Индонезија, Турција, САД и Европската Унија (ЕУ).
Израел и палестинското радикално движење Хамас се согласија за долгоочекуван прекин на огнот и размена на израелски заложници и палестински затвореници, во рамките на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот.
Трамп изјави вчера дека може да отпатува во Египет овој викенд како дел од регионалната турнеја. Неговите коментари дојдоа кратко откако египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси јавно го покани да присуствува на церемонијата на потпишување на договор за прекин на војната во Газа, доколку преговорите бидат успешни. мс/
фото: ЕПА