• петок, 12 јули 2024

ЕВРО2024: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери

ЕВРО2024: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери


Берлин, 10 јуни 2024 (МИА) – Титулата европски фудбалски првак досега ја освоиле десет репрезентации, а најуспешни се Германија и Шпанија со по три европски титули.
Шпанија славеше во 1964, 2008 и 2012 година, а покрај трите титули, може да се пофали и дека е единствената што успеала да ја одбрани титулата (2008, 2012).
Три европски титули има и Германија (1972, 1980, 1996), а домаќин на ЕВРО2024 воедно е единствената репрезентација која играше три финалиња во серија (1972, 1976, 1980).
Титулата европски првак ја брани Италија, која два пати беше најдобра на континенталните собири (2020, 1968).
По две титули имаат и Французите (1984, 2000), а на европската титула во минатото се радуваа и СССР (1960), Чехословачка (1976), Холандија (1988), Данска (1992), Грција (2004) и Португалија (2016).
ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ
1960. СССР
1964. Шпанија
1968. Италија
1972. Германија
1976. Чехословачка
1980. Германија
1984. Франција
1988. Холандија
1992. Данска
1996. Германија
2000. Франција
2004. Грција
2008. Шпанија
2012. Шпанија
2016. Португалија
2020. Италија. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан